Goce Mitevski

@gocemitevski.bsky.social

Designer / Engineer / Former CTO at Keitaro

Денес на „KEXP“ цел ден има „Music Heals: Beyond Cancer“ и освен тоа што музичкиот избор е одличен, има и еден куп споделени секојдневни (често непријатни) искуства на нормални луѓе од целиот свет. Ми ја враќа вербата во луѓето, барем за кратко. ❤️ kexp.org/events/kexp-...

KEXP Events

kexp.org

Очекувано. Уште малку ај па ќе им текне дека планинарите се очи и уши на планината. До тогаш пироманите имаат чист терен.

Bild

Од „Безбеден град“ во Скопје остана само желбата да профункционира. Васил Ѓоргов, Народен Фронт, Гологанов... секоја вечер до околу 3 часот урлаат веспи, мотори, џипови... и никој ништо не презема. Камери нема, зашто системот нема да може да го издржи бројот на прекршоци што ќе го регистрира.

180 ден. голема точена кригла Скопско Смут во факинг бистро на Драмски. Пола час го чекам келнерот да ме види, па да ме заборави, па да го потсетам... и така. Епа, мрш! Пропаднете.

Министерството за финансии денес конечно објави податоци за првиот квартал на 2026 година, за работата на јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост. Регистарот е ажуриран со новите податоци. pretprijatija.gocemitevski.com#/mk?year=2026

Регистар на јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост на Р. С. Македонија

Интерактивен регистар на јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост на Република Северна Македонија

pretprijatija.gocemitevski.com

Легендата вели дека некој, некогаш, купил неоштетен производ од „Jysk“. Треба да си го тргнат тоа „скандинавски“ од описот. Ужасен квалитет. 🤷‍♂️